Во наредните 4 или 10 месеци, како и да е, Македонија ќе стави крај на оваа политичка игра и политичка хајка. Избори ќе има, и довербата ќе ја добие повторно ВМРО-ДПМНЕ заедно со УМС како еден од нашите клучни столбови, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешното обраќање по повод 25-годишнината на УМС на млади сили на партијата.
– Со вакво СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните избори, кога и да се. Што порано – подобро, за да се скратат штетите на економијата, што всушност се директни штети врз грбот на народот, на невработените, сиромашните, компаниите и целото општество. СДСМ смета дека колку подолго има такви штети по економијата, дека тоа оди во нивна корист, во смисла дека луѓето ќе помислат дека одеднаш сме заборавиле да ја водиме економијата како што ја водевме, па треба нив да ги одберат на избори – истакна Груевски.