Јас никогаш не сум земал еден и пол милион евра кеш, ниту на било кој друг начин, ниту пак помала или поголема сума за продажбата на „Македонска банка“ вели премиерот Никола Груевски во интерјуто за МИА.
„Од тука сите други обвинувања кои произегуваат од тоа се невистинити. Иако клеветата од Заев е за непостоечки акт постар од 10 години, јас за секој случај одлучив да поднесам тужба за клевета за да со сигурност се расчисти оваа валкана манипулација и да добие судска разврска, а човекот кој видовме како во минатото се заборавил во делење тендери и јавни пари на сите роднини и партиски функционери, и кој пред 5 години се согласи за спас од обвинение за криминал тежок 8 милиони евра преку аболиција од неговиот ментор, тој истиот ќе треба да се соочи со вистината кога ќе треба да докаже дека јас сум ги земал тие еден и пол милион евра пред повеќе од 10 години за кои тој ме клевети.“, вели премиерот.