Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во 23 часот за последен пат се обрати од собраниската говорница пред и официјално да стане опозициски лидер. Во својот говор тој обвини надворешни центри за падот на ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ беше на власт 11 години. Направи многу реформи, се решија многу проблеми. Во последниве неколку години бевме цел на надворешни центри. Народот ни даде доверба, но и покрај тоа со незаконски чекори, со примена на аргументот на сила се издејствува нова влада. ВМРО-ДПМНЕ направи се што е во наша моќ. Личните и партиските интерси ги ставиме под државните. Баравме фер решение за името, и затоа беше надворешната операција против ВМРО-ДПМНЕ. Од новото мнозинство се очекува поинаков пристап по ова прашање. Вчера и денеска слушнав многу фалења за новата власт. Познат манир на СДСМ е многу ветувања, мал учинок. Бесрамно го девалвираат нашиот труд и резултати, рече Груевски.
Преостанатиот дел од времето за збор го искористи за фалење за се што направило ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години. Рече и дека лажна перцепција било дека ВМРО-ДПМНЕ е против Албанците.