650
На денешната собраниска седница за пратенички прашања, премиерот Никола Груевски за првпат даде нешто поконкретен одговор за автентичноста на снимките кои ги објавува опозициската СДСМ.
-Автентичноста на снимките ќе се утврди во судски процес, но самиот факт што самата опозиција кажа дека ги сече, ги лепи, ги подредува и вади делови, укажува на тоа дека во овие разговори има сериозен елемент на неавтентичност, рече премиерот, одговарајќи на пратеничко прашање.
Груевски повтори дека обидот на СДСМ е да се изврши дискредитација на луѓето кои ја имаат добиено довербата од граѓаните со цел да се наруши таа доверба и на тој начин да се дојде до политички успех на Зоран Заев.