444
Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на заедничка средбата на премиерите од државите од Западен Балкан со еврокомесарите Јоханес Хан и Виолета Булц во Брисел.
На овој настан ќе присуствуваат петмина премиери покрај Груевски, меѓу кои претставниците на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и од Косово.
Се очекува македонскиот премиер да оствари и политички средби за време на својот престој.