ВМРО-ДПМНЕ е под удар од сите страни, изјави предмалку на прес-конференција од партиското седиште лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој посочи имало обид за убиство на партискиот функционер Никола Тодоров како резултат на создавање на таков амбиент од страна на, како што рече тој, СДСМ соросовите инсталации.
Дека ништо не е случајно, истакна Груевски, потврдува тоа што прво била поставена бомба во домот на родителите на Антонијо Милошоски, потоа бил демолиран автомобилот на Гордана Јанкулоска, а денес имало обид за убиство на Тодоров.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде и при промената на власта на парламентарните избори во 2002 година СДСМ ги променувал истите методи, бидејќи, според него, истата година бил испукан куршум во неговиот автомобил.