Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ја заврши дводневната посета на Брисел, каде меѓудругото имаше средба со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Груевски изјави дека на средбите се разговарало за евроатланските интеграции, актуелната политичка состојба, а се дало и максимум за намалување на штетите од кризата, за кои ги обвини СДСМ.
-Можам да кажам дека генерално и оваа средба, како и останатите што ги имав вчера и денеска во Брисел беа многу корисни. Најпрво, многу шпекулации и заблуди што ги слушавме во изминатиот период ги разбивме и дадовме контра-аргументи. Второ, пренесовме и многу интересни информации од Македонија, многу работи на кои се работи и се прават напори да се подобрат, многу реформи кои се направени и кои во моментов се прават. Се на се, многу корисно и интересно беше да се биде тука, да се сретнат толку многу соговорници, да се информираат и да се примат и нивните информации што ги имаат, а кои некогаш се точни, некогаш се делумно и неточни. Беше интересно да се дебатира со нив и да се даде максимум да се намалат штетите што опозицијата и ги направи во изминатиот период на Република Македонија – изјави Груевски.