524
Со деструкција и фабрикување афери не може да се освои довербата на граѓаните, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е поголемо од сите закани на челникот на СДСМ Зоран Заев и од неговите криминогени планови, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
– Деновиве сме сведоци на кулминација на таквата деструктивна политика на СДСМ, деновиве сме сведоци на уцени на закани, навреди и провокации. Се обидуваат да наметнат закони за цензура и да го опструираат единствениот излез од политичката криза која ја наметнаа, а тоа се изборите на 24-ти април, на коишто само народот одлучува. Тие знаат дека ако нема криза и ако нема конфликт, тогаш нема што да им понудат на граѓаните, затоа се плашат од излегувањето на земјата од кризата и затоа не сакаат да се соочат со граѓаните на 24-ти април – порача Груевски.
Воедно, тој побара правосудните органи да работат според законите и, како што рече по барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор на негови блиски соработници поради изборен криминал, да не подлегнуваат на ничии притисоци.