729
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски во интервју во телевизија Алсат-М тврди дека тие не се против тоа албанскиот јазик да биде официјален јазик во Македонија, само мора да биде уставен.
– ВМРО-ДПМНЕ нема против користење на јазиците на сите етнички заедници, вклучувајќи го и Слбанскиот. СДСМ и Зоран Заев одат на таа карта пред локалните избори да понудат закон со кој се зголемуваат правата на начини што се спротивни на Уставот. Тој закон ќе падне на Уставен суд. На тој начин сакаат да измамат албански гласови. Во првата фаза ние не можеме да поднесеме амандмани, но веќе во втора фаза тоа ќе го сториме – истакна Груевски.