Во вториот дел од интервјуто за Република кое не е потпишано од новинар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски зборува дека тој не е националист и дека ВМРО-ДПМНЕ го донело јазикот за употреба на албанскиот јазик, нешто што во изборната кампања токму неговата партија го користеше против СДСМ и Зоран Заев, дека тие ќе вовеле двојазичност.
-И, колку што знам, токму ВМРО-ДПМНЕ ги ослободи тие политички затвореници и донесе Закон за употреба на знамињата на етничките заедници со кои се овозможи нивна легална употреба. Јас, колку што знам, токму СДСМ во деведесеттите години ги тепаше Албанците кога формираа свој универзитет во Тетово, па дури кога им требаа да ги донесат на власт по 2002 година им го легализираа. ВМРО-ДПМНЕ го поддржа првиот универзитет на албански јазик – Штуловиот универзитет и до денес го поддржуваме преку средства од буџетот, како негово кофинансирање. Згора на тоа, поддржавме уште еден нов универзитет, кој ќе биде доминантно на албански јазик во Скопје, а ќе се учи и на македонски и на албански јазик, Универзитетот „Мајка Тереза“, вели Груевски.