Каранфилова-Пановска: Интервјуто на Груевски е полно со неукост и теории на заговор

by fokus

Фани Каранфилова-Пановска, актуелна извршна директорка на ФООМ во изјава за Дојче Веле, констатира дека интервјуто на Груевски, кое изобилува со лаги, неукост и опседнатост со теории на заговор, е продолжение на низата зачестени напади врз Фондацијата.

„Јасна е повеќегодишната тенденција на Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да креираат имагинарни непријатели и да се закануваат со „чистки“ на своите неистомисленици. Прогласот од 17 декември со кој Груевски, меѓу другите закани, најави и „десоросоизација“, оркестрираниот упад на Управата за јавни приходи во над 20 граѓански организации во текот на декември 2016, и сега ова интервју кое доаѓа на првиот работен ден во Новата 2017. година, упатуваат на тоа дека хајката против правдољубивото и слободољубиво граѓанско општество и против ФООМ добива на интензитет“, смета Каранфилова.

Според неа, нападите врз граѓанското општество кое бара политичка одговорност и правно санкционирање за криминалното десетгодишно владеење на Груевски, има за цел да го заплаши и задуши прогресивното граѓанско движење.

Поврзани новости