Груевски: Власта му го нуди името на Грција, како што разголена студентка му се нуди на студент?!

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ од Конгресот во Валандово порача дека не е можна промена на името на државата доколку за тоа нема одобрение од мнозинството граѓани на Македонија. Од друга страна пак, Груевски, обвини дека сегашната влада безобрано го нудела името на Грција, илустрирајќи со пример.

– Сегашниот министер за надворешни работи, на прес-конференција со неговиот грчки колега кажа „Се надевам дека ќе ја препознаете новата можност“, што сликовито може да се илустрира со пример, кога студент во студентски дом влегува во собата на неговата колешка која е целосно соблечена и му вели „Се надевам дека ќе ја препознаете новата можност“, рече Груевски.

Партиска стратегија и политика е потврдена – нема промена на Уставот со цел промена на уставното име на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и идентитет, јазик и култура, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија нема да дозволи кое било решение да биде прифатено од политичари и поединци без да се изјаснат граѓаните на референдум, а притоа мнозинството да се согласат со тоа решение, рече Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости