На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваат 126 кандидати, меѓу кои се и најистакнатите членови

by fokus

Шеснаесетиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, предмалку, почна во Валандово, а на него не учествуваат дури 126 кандидати, меѓу кои се и најистакнатите членови на партијата.

Во име на работното претседателство на конгресот, Коце Трајановски изјави дека денеска пристигнале уште седум нови делегати, со што вкупниот број на делегати сега изнесува 418. Со оваа бројка се исполни обрската од членот 18 од партискиот статут, според кој „конгресот може да работи ако се присутни најмалку две третини од вкупниот број делегати“, односно најмалку 363 делегати.

На овој конгрес единствен кандидат е Христијан Мицковски.

Кога во 2015 година, Груевски, по четврти пат беше избран за лидер, исто така немаше против кандидат. Од 529 делегати доби дури 528 гласа, заради тоа што едно гласачко ливче беше прогласено за неважечко. Тогаш вкупниот број на делегати бил 560.

 

Поврзани новости