Груевски вели дека Трајковски повторно може да конкурира за директор на УЈП

by Фокус

Откако беше објавен оглас за избор на нов директор на УЈП, бидејќи на досегашниот директор, Горан Трајковски, му истече мандатот, се огласи премиерот Груевски. Тој рече дека доколку сака, Трајковски може повторно да конкурира за директор на оваа институција.

-На директорот на УЈП му завршува мандатот на 17 август годинава и нормално е согласно Законот да се објави оглас, бидејќи поинаков начин не постои да се назначи нов директор. Најдобрите и најквалитетните кандидати ќе бидат интервјуирани и ќе бидат проверени нивните квалификации по што ќе се одберат најдобрите и најсоодветните кандидати, изјави Груевски.

Во Законот за Управата за јавни приходи е наведено дека на директорот му престанува мандатот со истек на мандатот, но не е прецизирано дали тој пак може да се кандидира за нов директор. Според информациите, и ако постои таква можност, мала веројатност е дека Трајковски пак би бил директор на УЈП.

Поврзани новости