Груевски уште еднаш народот го изедначи со ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Народот и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат долговите на Заев да ги плаќа народот, изјави денеска поранешниот премиер Никола Груевски.

-Разбирам дека кај нив фактурата е голема, дека ги притиска истата, дека киријата е скапа. Но, неприфатливо е ниту за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за народот таа кирија и таа фактура да ја плаќа народот и да биде завршена на грбот на народот и на државата. Токму затоа народот во толку голем број и толку долго време, како никогаш досега секојдневно се спротивставува и пружа отпор. СДСМ треба да знае дека народот и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат таа фактура да ја плаќа народот, рече Груевски.

 

 

Поврзани новости