490
Откако преставници од Професорскиот пленум револтирано констатираа дека хотел е место за туризам, а не за парламентаризам, ненадејно на нивната прес-конференција се појави и премиерот Никола Груевски. Тој посочи дека хотелот Александар Палас бил избран како неутрален терен, за да нема лутење.
Груевски нагласи дека професорите може да дебатираат каде сакаат и колку сакаат и ја презакажа дебатата за државниот испит во Собранието.