Професорски пленум: Можеме да дебатираме на Универзитетот како автономна територија, а не во хотел

by Фокус 13:36
13:36

По сета медиумска хајка, која деновиве се водеше и се уште се води против нас, одбиваме да ја претставуваме страната која наводно се плаши од високи критериуми или ги хушка студентите на протести, информираат од Професорскиот пленум, кои денеска одбија да учествуваат на дебатата организирана од владата и МОН за новите законски измени во високото образование, бидејќи на дебатата не беа повикани преставници од Студентскиот пленум.

Според нив, една од причините што не учествуваат во дебатата е што не добиле формална покана. Тие, исто така соопштуваат дека со колегите што не ги делат нивните ставови, може да спорат на универзитетот како независна и автономна територија од политиката, а не во хотел и во организација на владата. Пленумот бара подолга јавна расправа, наместо еднодневна дебата.

- Advertising -

 

Поврзани новости