Груевски тврди дека нема парцели

by Фокус

„Најостро ги демантирам, како целосно невистинити, наводите изјавени од Зоран Заев за тоа дека наводно сум купувал градежни плацеви и дека наводно сум сопственик на било каков плац, или пак на било каков начин поседувам имот надвор од оној кој е пријавен во мојот анкетен лист, кој е јавно објавен“- стои во пишаната изјава на премиерот Никола Груевски во врска со вчерашните обвинувања од лидерот на СДСМ.

„Овие наводи се целосно измислени и невистинити. Тоа  се лаги и конструкции чија цел е јасна, а тоа е моја компромитација, како дел од сценариото кое овој човек го одработува. Очигледно, откако сфаќаат дека ефектот од ова што го прави Зоран Заев е далеку од она што го очекуваа, тој се повеќе се заглавува во нови и нови конструкции и на тој начин сака да го дефукисира вниманието од неговата лична одговорност базирана на злоупотреби и тешки кривични дела“- вели премиерот Никола Груевски.

Неговиот став следува по објавувањето на снимените разговори со кои опозицијата тврди дека се менувале урбанистичките планови во општина Центар за да можат зелени површини да се преименуваат во градежни, но и дека Груевски присвојувал парцели за себе.

Поврзани новости