Груевски тврди дека има расправа за државниот испит, но за студентите нема место

by Фокус 18:10
18:10

Владата не отстапува од проектот државен испит потврди денеска премиерот Груевски. Според него на таков начин ќе се подобрел квалитетот во образованието и ќе се спречело купувањето дипломи.

Испитот немало да се однесува на актуелните студенти кои изминатите недели протестираа, туку само за новите генерации кои од наредната година ќе се запишат на факултет.

- Advertisements -

„Ставот на Владата е дека во Македонија  подолг период, во изминатите  10 до 15 години, има ситуација во која некои луѓе без елементарно знаење  дошле до диплома  и тоа не е здраво за ниту едно општество, ниту за самите нив“ – изјави Груевски во Штип.

Груевски посочи дека предлогот поминува низ јавна расправа, но не кажа зошто Студентскиот пленум, најгласниот противник на проектот, е исклучен од дебатата и зошто министерот Адеми и професорите поддржувачи се кријат од соочување.

„Такви забелешки да не правиме реформи не ни се прифатливи. Низ деновите што поминаа имаше повеќе јавни расправи на различни локации низ Македонија што ги водеше Министерството за образование и на нив слушнавме многу интересни идеи, забелешки кои понатаму сигурно ќе ги земеме предвид. Значи, се она што е суштински добронамерно предложено и се она што може да ја подобри оваа реформа, го прифаќаме. Не прифаќаме ситуација седете си мирно, добро ни е вака, ќе си купуваме дипломи, нема ние што да учиме, после нека ни најде некој друг работа. Тоа не можеме да го прифатиме“-  додаде Груевски.

Незадоволството на илјадници студенти и на средношколците, кои ќе бидат први изложени на новата реформа во образованието, за Груевски не се доволни. Тоа било поттикнато од опозицијата и мрежата на Сорос.

„Еве сега кај нас е некоја новина државниот испит, а тоа го искористија и опозициските партии и мрежата финансирана од Сорос. Ние имаме своја мисија да ги подигнеме стандардите во сите сфери вклучуваќи ја сферата на образованието“ изјави Груевски.

 

.

Поврзани новости