622
Премиерот Никола Груевски реагира на објавената информација од весникот „Гардиjан“ дека е отворен за промена на името.
– Такво нешто не сум изјавил. Ние ќе реагираме и до ‘Гардиjан’. Тоа се гледа и од самиот текст каде што очигледно е дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно – се наведува во писмената изјава на Груевски, која ја објавија провладините медиуми.