460
Поранешниот премиер Никола Груевски не остана покус на изјавата на собранискиот спикер Талат Џафери дека во Собранието го нападнал бидејќи бил во психолошка криза поради судските процеси против него.
-Читам Талат изјавил дека сум бил во психолошка криза. Познавајќи го секогаш кога некој ден нема доволно да се дезинфицира, добива апстиненцијална криза и вака се однесува. Не му се лутам. Не е за лутење, напиша Груевски на Фејсбук.