Кирил Лазаров стана најдобар стрелец во историјата на Фајнл-фор турнирите на Лигата на шампиони

by fokus

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и играчот на француски Нант, Кирил Лазаров денеска стана најдобар стрелец во историјата на фајнл-фор турнирите на Лигата на шампионите.

Тој во денешното полуфинале против Париз Сент Жермен постигна осум гола и стигна до бројката од 59 гола, со што го помина Филип Јиха кој имаше 56 гола.

Неогвиот тим Нант сензационално го елиминираше ПСЖ и ќе игра во финалето со победникот од дуелот Вардар-Монпелје.

Поврзани новости