439
Премиерот Никола Груевски и денеска не пропушти шанса да ги обвини студентите дека се партиски послушници, а најавениот студентски марш дека е партиски мотивиран. По кој знае кој пат, нагласи дека студентските протести се организирани од СДСМ или од институциите што ги финансираат Владимир Милчин и Сорос.
– На наредниот протест ќе излезат помалку луѓе. Најголем дел од нив ќе бидат од подмладокот на СДСМ. Ако првиот пат кога излегоа на протест не беа информирани за концептот, сега точно се знае дека не е екстерно тестирање, туку државен испит и дека нема да ги опфати генерациите кои веќе се запишани на факултет – истакна премиерот Груевски.