Груевски: СОНК имаат нереални барања

by Фокус

Според премиерот Никола Груевски СОНК има неодговорен и непринципиелен однос и оти поради изборите во синдикатот, преку ноќ го смениле мислењето и излегле со нереални барања.

– СОНК е синдикат со кој досега имавме најдобра соработка во смисла на дискусија за проектите. До вчера викаше дека Владата ги надмина нивните очекувања и се исполнува многу повеќе од тоа што очекуваат, а сега неколку месеци пред изборите внатре, излегоа со барања кои не се реални – рече премиерот Груевски во гостувањето во емисијата „Јади бурек“.

Тој додаде дека поради таквиот однос немаат поддршка и штрајкуваат помалку од 10 отсто од наставниците. Се пофали и дека Владата направила многу за образованието

– Досега направивме многу во образованието. Ја зголемивме минималната плата која во 2006 година изнесуваше просечно 7.600 денари. Трансфериравме работен однос на 7.000 наставници во постојан работен однос, се потпиша колективен договор, шест години по ред имаме бесплатни учебници, ги зголемивме платите во образованието неколкукратно, се направија куп чекори кои променија многу нешта , истакна Груевски.

Тој потенцираше дека секогаш се отворени за разговори, но кога станувало збор за реални и разумни барања.

 

Поврзани новости