446
Бесплатно земјиште и парична помош секој месец ќе добиваат граѓаните кои ќе се вратат да живеат на село .
„Од град во село за нов почеток” е новиот проект кој го промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со кој треба да се развие животот на село.
Државата ќе да дава 6.000 евра за купување, изградба или реконструкција на куќа на село, три хектари бесплатно државно земјиште за обработка и 15. 000 денари во период од 18 месеци. Проектот би важел за селата до 500 жители.