Екс премиерот, Никола Груевски, призна во денешното интервју на ТВ Сител дека се возел со луксузниот мерцедес за кој беше осуден на две години казна затвор. На прашање колку пати се превезувал со мерцедесот, тој рече:
-Може 10-15 пати кога одевме на подолго патување, или кога другото возило беше на сервис – изјави тој.
Според него предметите на СЈО кои се водат против него се политички монтирана хајка.
-Во ТНТ инвеститорот сам признава дека изградил дивоградба. Во Титаник има редица непостоечки, измислени работи, поврзани со т.н. злосторничко здружување, повреда на избирачки права. Класични инсинуации дека со Мартин Протуѓер нешто сме се договарале. Не постои такво нешто, ниту има потпис, ниту сведоци против мене. Протестите во Општина Центар каде сум обвинет за поттикнување насилство, удирање шамари, тие шамари ниту постоеле, ниту биле удрени – рече Груевски.