Груевски: Во мое време јас не познавав ниту еден судија, сега за прв пат ги запознавам

by fokus

Екс премиерот, Никола Груевски, вели дека судството е во спрега со власта и дека дел од судиите се целосно заробени по принципот на делење награди или давање казни. Во интервју на ТВ Сител, Груевски изјави дека не било така додека тој бил премиер.

-Така не беше во мое време, така велеа но јас никогаш не сум бил во комуникација со судии, сега за прв пат, не познавав ниту еден судија во мојот живот, моите пријатели биле од сферата на политиката и економијата. Не познавав судија претходно – изјави тој.

Груевски рече дека ја очекува пресудата во случајот „Тенк“.

-За овој случај многу не се изненадив, уште од самиот почеток од првиот ден како судијката го водеше процеост беше јасно дека имаше донесено одлука како ќе пресуди. Сретнав и еден новинари и во паузите и ми спомна уште на првото рочиште му било јасно дека има намера да ме осуди, на второто и третото имал забетонирано таков став. Го имав чувството на пристрасност кон СЈО, на лошо однесување кон одбраната, со викање, одземање збор. Додека на другата страна поданичко однесување како кон претпоставен. Самиот Заев на две недели пред изрекување ја објави пресудата: „Гледајте ќе има пресуда за Груевски, ќе видете дека правдата дојде“ – рече Груевски.

Поврзани новости