ВИДЕО: Груевски со безбол капче и очила во судница во Будимпешта, се одлучува за негова екстрадиција

by fokus

Бегалецот Никола Груевски денеска е на судско рочиште во Будимпешта, каде што се одлучува за неговата екстрадиција. Унгарските медиуми објавија фотографии и видео.

Она што предизвика најмногу внимание е изгледот на екс премиерот, односно тој се појави со безбол капче и очила за сонце, кои не ги тргнал ниту додека седел во судница.

 

Унгарските медиуми пишуваат дека до Груевски во судница седеле цивили, за кои не дознале во кое својство го придружуваат. Екс премерот не сакал да одговори на новинарските прашања.

Поврзани новости