На денешната пре-сконференција на Специјалното јавно обвинителство, каде беше најавена истрага за уривањето на коплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на партијата ПЕИ, Фијат Цановски, со реакција се огласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Поранешниот премиер смета дека СЈО не приложило ниту еден доказ против него и дека таа била со чисто партиска реторика.
-Со внимание ја проследив прес конференцијата на СЈО. Како и досегашните прес конференции, денешната беше со чиста партиска реторика и човек што не знае кој на која функција се наоѓа, веројатно ќе помислеше дека станува збор за една од прес конференциите на СДСМ, на која се обидуваат да не оцрнат и прикажат во негативно светло нас од ВМРО ДПМНЕ, а пред се мене лично како нејзин претседател, без ниту еден единствен доказ…Жално е што СЈО наместо професионална и независна институција каква што сите граѓани очекуваа, се претвори во партиски инструмент на СДСМ”- изјави Груевски.
Груевски вели дека случајот „Космос“ е само потврда дека секој што правел криминал во оваа држава подлежел на законот.
Според Специјалното обвинителство пак, поранешниот премиер и поранешниот министер за транспорт и врски сакале да му се одмаздат на Фијат Цановски, заради неговото напуштање на тогашната владина коалиција