Груевски синоќа од Зелениково: Јас и министрите сме преспивале по другите градови само да им помогнеме на граѓаните за време на пожарите

by Fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски доцна синоќа беше во посета на општина Зелениково на чија територија се проширија повеќе пожари

Тој нагласи дека додека бил премиер во екот на силни пожари тој лично и министрите оделе на терен со цел да ја водат координацијата во гасењето на пожарите.

– Јас како премиер и министрите сме преспивале по други градови со цел да бидеме на лице место и да помогнеме и да дадеме елан на сите, а сега гледам дека го нема тоа, оставаат само на помал број на пожарникари и тоа си дава свој последици. Еве 20 дена не можат да ги изгаснат пожарите, во М. Брод веќе имаме една жртва и 5 куќи изгореа и никому ништо, ниту има помош, ниту каде да се сместат – истакна Груевски.

Поврзани новости