Разрешувањето на Марко Зврлевски се враќа во Собрание

by Fokus

Собранието на Македонија денеска ќе ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Предлогот Зврлевски да биде разрешен од функцијата јавен обвинител е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Пратениците од владејачкото мнозинство истакнаа дека нема да го користат летниот одмор се додека не се разреши републичкиот јавен обвинител.

Претседателот на Собранието Талат Џафери продолжението на шестата седница го закажа вчера, откако ги распиша локалните избори, кои треба да се одржат на 15 октомври годинава.

Поврзани новости