Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска имаше настап во Неготино, каде уште еднаш ја презентираше изборната програма.
Груевски рече оти овие избори ќе биле референдум, како оној за осамостојувањето на Македонија, каде народот ќе одлучел за иднината на Македонија.
-Радмила го преживеа најголемиот пораз во историјата на политиката и мува не ја лази. Во 2008 беше кандидат за премиер и го доживеа најголемиот пораз во историјата на политиката во Македонија. Шета насмеана, како ништо да не се случило. Тоа е она потценување на народот и доказ дека тие луѓе не може да ја сфатат лекцијата од народот. Заев исто така, човекот запнал премиер да биде. Им се фали на албанските политичари дека го спремале од горе. А, народот, што ќе правиме со народот? Епа не можат од горе народот да го спремаат. Затоа овојпат ќе претрпат историски пораз -рече Груевски.