Петардите за ВМРО ги вклучија алармите во Неготино

by fokus 21:42
21:42

На денешниот митинг на коалицијата ,,За подобра Македонија’’ предводена од ВМРО – ДПМНЕ во Неготино, петардите кои што еуфорично ги фрлаа поддржувачите на Груевски предизвикаа паника, откако ги вклучија алармите во просториите на поранешна Халк Банка, во центарот на градот.

Разните пиротехнички ,,играчки’’ со кои што дел од присутните на митингот сакаа да свртат внимание и најверојатно да покажат моќ, ги вознемирија неготинчани кои што живеат во центарот. Освен пукотниците и чадот со непријатен мирис, и вклучениот аларм направи една хаотична состојба, па случајни минувачи коментираа дека големиот број на скопјани кои што дојдоа да го проследат митингот, со себе го донеле и загадувањето на воздухот.

Но и покрај упорното пиштење на алармите, никој од полицијата не интервенираше, ниту пак се појави околу објектот, кој што е во фаза на реновирање.

- Advertisements -

Инаку, денес Неготино осамна накитено со знамиња, како да е државен празник. По митингот во Неготино, раководството на партијата заминува во Кавадарци, каде што исто така е најавен митинг во центарот на градот.

Вики КЛИНЧАРОВА

Поврзани новости