Минатата година имавме во декември парламентарни избори на кои мнозинството граѓани во Македонија ја даде победата и довербата на ВМРО-ДПМНЕ, но за жал под разни околности кои ви се добро познати, СДСМ беше донесена на власт и го започна својот план за редефинирање на државата, рече Никола Груевски на вечерашниот митинг во Виница.
-Сега е моментот да се запре тоа, сега е моментот на 15 октомври да се излезе, да се поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за градоначалници и советници, но истовремено да се испрати силна порака од народот дека секој кој оди спротивно на волјата на народот нема да стигне далеку и дека народот е господар во оваа држава, а не некој друг, рече Груевски.
Тој посочи дека овие локални избори доаѓаат четири месеци по доаѓањето на власт на СДСМ и после „помрачувањето што и се случува на Македонија во овие четири месеци“.