ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Рашковски се самоназначил за владин претставник во Телеком, тој вели нема конфликт на интереси

by fokus

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски е нов претставник на Владата во Собранието на акционери на Македонски Телеком, објави ВМРО ДПМНЕ. Од опозициската партија обвинија дека станува збор за судир на интереси, бидејќи Рашковски се самопредложил за оваа позиција.

-Ова е документот каде се гледа дека на 3-ти август владата го овластила Драган Рашковски да присуствува и да биде владин претставник на Собранието на акционери на Телеком, а ваквиот документ си го потпишал токму самиот Рашковски. Што значи Рашковски си се предлага, Рашковски си потпишува. Рашковски сам си се назначува. Класичен конфликт на интереси. На Рашковски мала му била платата од над 1.000 евра па сега ќе зема и 500 евра од Телеком, изјави Никола Србов, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Рашковски за Телма изјави дека нема конфликт на интереси, бидејќи, како што рече, за оваа позиција не се плаќа надоместок од страна на Владата.

Поврзани новости