378
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера вечер одржа митинг во Тетово на кој беше промовиран носителот на листата во шестата изборна единица и беше промовирана изборната програма со која ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бара гласовите за предвремените парламентрани избори што ќе се одржат на 11 декември.
Митингот во Тетово го затворија пејачите што редовно го придружуваат Груевски во изборниот караван. Ритмот на музиката го потикна и лидерот на ДПМНЕ да заигра.