Премиерот Никола Груевски денеска даде очет за тоа што сработила Владата во првите 100 дена од четвртиот мандат. Тој нагласи дека досега од програмата биле реализирани 116 проекти, а други 554 се во тек. Тој најмногу се осврна на странските инвестиции во земјата, кои пораснале за 12 проценти во однос на минатата година, а потенцираше и дека Македонија имала најголем економски раст во Европа во првите шест месеци и дека е ниско задолжена земја.
Груевски истакна и дека континуирано се намалува невработеноста, која е на историско најниско ниво. За прв пат, порача тој се градат и три автопати истовремено. Тој нагласи и дека владата донела одлука за зголемување на платите, пензиите, социјалната помош. Груевски порача дека стратешки приоритет остануваат евроатланските итеграции и покрај спорот со името со Грција, односно спроведувањето на реформите.