ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ заборави во каква очајна состојба го остави здравството

by Фокус

Откако опозициската СДСМ обвини дека повеќе од 600 лекари заминале на работа во странство во последните три години, реакција стигна и од владејачката партија. Од таму велат дека оваа изјава е хипокризија, бидејќи СДСМ заборавил во каква состојба го оставил здравството.

-Дегутантна и трагикомична е ваква изјава од партијата која го остави здравството со апарати од осумдесеттите години, која никогаш не се сети да покачи плата на здравствени работници, која ја остави брзата помош во најголем дел со стари и целосно амортизирани возила, која дозволуваше безмилосно да се крчми буџетот на здравството со овозможување на немилосрдно високи заработки на веледрогериите блиски до партијата, но и со набавка на ѓердани и поклончиња за пријателките и соработничките во време кога во целата држава имаше само еден апарат за магнетна резонанца кој повремено работеше, и крш лади стари по 20 години со кои се транспортираа пациентите – се наведува во соопштението од партијата на власт.

Поврзани новости