575
Поранешниот премиер Никола Груевски разбира за што е обвинет во случајот „Насилство во општина Центар“, но не се чувствува виновен.
Виновни не се чувствуваат ниту екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ниту пратеничката Даниела Рангелова, како и останатите обвинети во случајот.
Инаку на денешното рочиште е присутен и поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски кој ќе одговори на прашањата на адвокатите, откако претходно беше испрашуван од страна на Специјалното јавно обвинителство.
За овој случај вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски кои на посебно судење од останатите обвинети добија условни казни.