462
Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва заедно со партиски подржувачи, протестираа пред истражниот затвор „Скопје“ во скопската населба Шуто Оризари.
Како што истакнуваат насобраните луѓе тие бараат итно и безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, малтретирање, терор и иживување и ослободување на сите лица кои според нив се цел на политички прогон.
Влатко Ѓорчев ги поздрави актерите од МНТ затоа што покажале солидарност со својот колега, Владо Јовановски.
– Тоа е театарот на Ристо Шишков, а денеска Владо Јовановски стана новиот Ристо Шишков. Зарем актер кој никого не нападнал, не удрил, не раскрварил треба да биде суден за тероризам, за дела против државата и уставниот поредок, рече Ѓорчев.