Груевски предлага плус 17 пратеници за изборниот победник

by Фокус

Предлагаме мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места за онаа партија која ќе победи на изборите за да се обезбеди стабилна влада, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

– СДСМ тврди дека ќе бидат победници на наредните избори. Тоа е нивно право да го тврдат тоа, но доколку веруваат навистина дека ќе бидат победници, ние им нудиме да изгласаме закон со кој победничката партија кога ќе завршат изборите да добие плус 17 пратеници. Со тоа се формира стабилна влада и нема изговор потоа зошто не се реализирале некои проекти – рече Груевски.

Тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ започнаа да заговараат враќање на мнозинскиот изборен модел откако опозицискиот лидер Зоран Заев побара пропорционалниот изборен подел со 6 да се замени со една изборна единица, што оди во прилог на „помалите“ политички партии.

„Стабилна Влада се обезбедува на слободни фер и регуларни избори, на коишто граѓаните без закани и уцени ќе ја изразат својата волја. Груевски нека им признае на граѓаните и на јавноста зошто се плаши од нивното барање, што го поддржаа и СДСМ и останатите политички партии, Македонија да биде една изборна единица. Можеби дека му се растура шемата на крадење избори“, реагираа социјалдемократите.

Поврзани новости