МВР: Добивме нови 1.200 потенцијални баратели на азил

by Фокус 13:27
13:27

Од вчера во 8 часот до денеска во 8 часот МВР издаде потврди на 1.210 странски државјани, кои искажале намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, при што дури над илјада лица се од Сирија, информира Министерството за внатрешни работи.

„Во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Грција, без никаква контрола, илегални мигранти и натаму вршат притисок за влез во земјава“, се вели во соопштението на МВР.

- Advertisements -

Досега, од 19 јуни наваму издадени се вакви потврди на вкупно 43.631 странски државјани, од кои 30.336 се од машки пол, 6.089 се од женски, 6.945 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 641 деца кои патуваат без родител.

Поврзани новости