Груевски: Пратеници добија притвор за ништо, тие на 27 април беа на своите работни места

by Фокус

Во Македонија се случува режим и уривање на демократијата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во врска со апсењата на функционери и пратеници од партијата за настаните во Собранието на 27 април.

-За пет проценти од пратениците одредена е мерка притвор или домашен притвор. Тие прават вистински режим. Ова е незаконско приведување на пратениците, а притвор е одреден за ништо, тие биле на своите работни места – рече Груевски по одложувањето на рочиштето за случајот „Траекторија“.

Поврзани новости