Груевски подрани половина час на судењето за уривањето на „Космос“

by fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски предмалку пристигна во Кривичниот суд каде што заедно со уште неколку обвинети, треба да им се суди за случајот на СЈО „ТНТ“ , кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

Груевски во судот пристигна половина час пред започнување на судското рочиште, што би значело навреме, но сепак за него, бидејќи тој најчесто има обичај да доцни, сите забележаа дека подранил.

Во овој предмет обвинети се седум  лица меѓу кои, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.

Со новиот годишен распоред предметот „ТНТ“ е распределен кај судијата Огнен Ставрев.

Апелацискиот суд на 4 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ да можат да се користат како докази во судската постапка.

Поврзани новости