Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевси иако вчера не се појави на протестот организиран од неговиот наследник, Христијан Мицкоски на Фејсбук го категоризираше како „одличен и моќен народен собир“.
„Пораката е испратена. Пораката на народот на Македонија. Почнува паѓањето на СДСМ. Народот се буди. Не можат вечно да го лажат и плашат народот. Ова е негова земја“, напиша тој по протестот на кој не се појави.
Опозициската партија вчера побара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори и техничка влада 100 дена пред изборите.
Првиот опозиционер Мицкоски вели, бил сигурен дека ќе победат.
Пораката е испратена. Пораката на народот на Македонија. Почнува паѓањето на СДСМ. Народот се буди. Не можат вечно да го…
Publiée par Nikola Gruevski sur Samedi 2 juin 2018