388
Премиерот Никола Груевски на седницата со пратенички прашања изјави дека нема никаква поврзаност со плацевите на Водно, ниту дека бил сопственик, ниту пак е сега, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов кој го праша дали ги продал имотите затоа што знае дека ќе ги загуби изборите? Груевски на таков начин се одбрани од опозицијата. На тоа му репцлицираше Шилегов и го праша зошто не побара јавно да се објави името на вистинскиот сопственик на „Сирах инжинеринг“ кому наводно Груевски му ги продал плацевите, кога веќе се оградува од тие имоти.