368
Владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски од вчера престојува во американската сојузна држава Охајо, каде ќе учествува на повеќе бизнис форуми.
На првиот форум одржан вчера во Колумбус, главниот град на Охајо, владина делегација предводена од премиерот Груевски ги презентирала поволностите што ги нуди Македонија за привлекување странски инвестиции и за отворање нови работни места пред бизнисмени од повеќе сектори.
Покрај учество на бизнис форуми, македонската владина делегација ќе има средби и со македонската дијаспората во повеќе градови во САД.