Груевски: Останувам на лидерската позиција, ќе се менува Извршниот комитет во ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за телевизија „Алфа“ рече дека нема намера да се повлекува од лидерската позиција, бидејќи е човек кој е победник на овие избори и човек кој што ја доби довербата од најголем број од граѓаните и превзема одговорност за понатаму.

Меѓутоа, Груевски најави реорганизација и освежување на ВМРО-ДПМНЕ.

– Претстои период во кој што ние целосно ќе се реорганизираме, ќе се освежиме со нови кадри, ќе ги реорганизираме и нашите општински комитети, месните комитети, Извршниот комитет. Ќе се претсруктуираме во секој поглед и ќе бидеме одговорна и силна опозиција која брзо ќе се врати на власт – рече Груевски.

Поврзани новости