569
„Беса“ е името на новата политичка партија која ќе биде со граѓански концепт, но, сепак, главно ќе се обраќа кон Албанците.
Претседателот на Иницијативниот одбор за формирање на партијата Биљал Касами вели дека откако ќе биде регистрирана ќе учествува на изборите.
– За нас не е од суштинско значење дали ќе победиме на изборите, туку што потоа? Ние имаме одговор за тоа! Ќе се обидеме асиметричната состојба во Македонија да ја претвориме во симетрична, еднаква за сите граѓани без разлика на националноста и религиозната припадност – истакна Касами, кој го отфрла федералното уредување како опција за Македонија.