Груевски објави трејлер од незавршена македонска серија: Борбата за македонската кауза треба да продолжи

by fokus

Поранешниот премиер, а сега азилант во Унгарија, Никола Груевски попладнево објави и трет статус на Фејсбук, овојпат пропратен и со видео.

Како што напиша Груевски, видеото е трејлер од македонска серија која, како што вели, марионетската власт не дозволила да биде реализирана.

-Нема откажување. Само промена на парадигмата. И нова доктрина за доаѓање до целта! Премногу крв е пролеано, премногу жртви се дадени во минатото, за така лесно македонскиот народ и граѓаните на Македонија се предадат и откажат од она кое на сила ни е одземено во овој период, да ги прифатат неправдите како реалност или направената штета како непоправлива. Тешко е, но нашата борба за македонскат кауза треба да продолжи. Немаме друг избор, ниту резервна држава ниту пак право да заборавиме дека до оваа слобода и држава со многу крв и жртви е дојдено. Нам ни е оставен полесниот дел. Да го задржиме тоа и да ја продолжиме борбата за затворање на 140 годишната борба за македонското прашање.
Без никому ништо да му наштетеме или одземеме. Имаме новонастаната ситуација. Потребна е нова парадигма и доктрина. Целите остануваат.
И како што стои во трејлерот за една македонска серија која за жал марионетската власт не дозволи да биде рализирана: Македонија е љубовна приказна…
А во љубовта, среќата и болката одат заедно.
Да живее Македонија!!!, напиша Груевски.

 

Поврзани новости